1. Coca-Cola додава фосфорна киселина во своите пијалоци бидејќи вистинската блажина на пијалокот ќе ве натера да повраќате, односно тој степен на шеќер е апсолутно неподнослив за нашиот организам.Aко се сеќавате на филмот “Super size me” кој своевремено одеше на македонските каналиж и во тој документарен филм се потврдува дека една лименка содржи 10 супени лажици шеќер.
2. Повеќето компании за брза храна го користат процесот на т.н. механичка сепарација, кој е всушност начин да се одделат коските и жилавите делови од месото. Меѓутоа, овој процес резултира со вишок бактерии, а со цел да се скријат бактериите, се користат вештачки вкусови и бои.
3. Плескавиците во хамбургерите или малите кофтиња од месо или од ракчиња, понекогаш може да се направат од индустриска храна, користејќи го она што се нарекува “трансглутаминаза” која се прави од делови од свињи и крв од кравите, попознато како лепак од месо. Во многу делови од светот се нарекува дури и cemented meat (цементирано месо). Најлошиот дел? Трансглутаминазата немора да биде внесена и означена како состојка која се наоѓа во производот што значи дека можеби никогаш нема да дознаете дали се користи и употребува при производството на она што вие го јадете.
4. Во просек, секој конзумент на брза храна јаде околу 12 влакна годишно. Несаканите влакна се наоѓаат и во нормалната храна во рестораните, но постои поголема веројатност да изедете влакно во фаст-фуд ресторан.
5. FDA (Прехрамбената и лекарската администрација) дозволува до 30 фрагменти од инсекти во 100 грама путер од кикиритки! Ова значи дека технички може да се најдат бубачки во вашиот путер од кикиритки. Сосема нормален се смета и фактот што во просек се наоѓа по едно влакно од глодар во половина чашка путер од кикиритки.
6. Повторно се враќаме на документарниот филм Supersize me и утврдување на фактите презентирани во филмот. McDonalds’s за среќа не постои повеќе кај нас, бидејќи е докажано и поткрепено со факти дека во менито на оваа компанија има само 7 оброци кои не содржат шеќер. Тоа значи дека има скриени количини на шеќери во вашите пијалоци, помфрит, па дури и во преливите за салата!
7. Девојките обично знаат да посегнеме по овошни јогуртчиња, разни ниско-калорични милкшејкови, протеински шејкови со вкус на јагода и слично, но докажано е дека во скоро ниту еден ваков производ не се користат вистински овошја (во случајов јагоди), со цел да останат ниски трошоците за производство. Во обичен ниско-калоричен јогурт, со ниска масленост и со вкус на јагода, се пронајдени дури 50 адитиви во таа мала чашка, за да се долови вкусот на овошјето кое наводно се наоѓа во производот.
Внимавајте каква храна конзумирате. Ризиците веќе добро ги знаете, но одлуката е само ваша.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk