Морничави напуштени одморалишта

Одморалиштата се наменети како дестинации за милиони луѓе кои одат на одмор и релаксација секоја година. Но многу одморалишта ги доживуваат своите пет минути и потоа се напуштени, оставени на милост и немилост на елементите.


Без оглед дали се напуштени поради војна, природна катастрофа, промена во генерациите или едноставно недостиг на пари, голем број одморалишта кои порано биле место на кое луѓето бегале за да се одморат останале напуштени, разрушени и присвоени од природата.

5. Фамагуста, Кипар

Ова прекрасно приморско одморалиште во Фамагуста, Кипар порано било посетувано од членови на високите слоеви на општеството. Џет сетот и познати личности како Елизабет Тејлор и Ричард Бартон престојувале таму. Но по турската инвазија во 1974 година градбите останале напуштени. Денес не останува ништо освен рушевините на хотелите. Минато се деновите на шампањ и забави на плажа.

4. Гагра, Абхазија

Сместен на североисточниот брег на Црното Море градот Гагра станал популарно одморалиште во Царска Русија и Советскиот Сојуз. Во почетокот на деведесетите Гагра бил опфатен во војната помеѓу Грузија и Абхазија, и по поразот на владините сили илјадници Грузијци биле масакрирани. Конфликото сè уште трае, но и покрај тоа што борењето е сега далеку од градот, многу од зградите остануваат напуштени.

3. Grossinger’s Hotel, Њујорк, САД

Grossinger’s Hotel било познато одморалиште сместено во планините Катскил во Њујорк. Ова одморалиште драстично пораснало во средината на минатиот век, достигнувајќи големина од 35 градби и 485 хектари земја кои биле посетени од 150.000 посетители секоја година. Во педесетите оваа локација станало првото одморалиште во светот во кое бил употребен вештачки снег. Но до доцните осумдесетти Grossinger’s и останатите одморалишта во околината едноставно не можеле да ги привлечат помладите генерации, хотелот бил затворен во 1986 година.

2. Неименуван хотел, Њујорк, САД

Borscht Belt било популарното име на неколку летни одморалишта во Кетскил планините во северен Њујорк (меѓу нив и Grossinger’s Hotel). Овие одморалишта биле посетувани речиси ексклузивно од Евреи од Њујорк и го добиле името по Украинската чорба која се прави од цвекло. Повеќето од хотелите и летните кампови се напуштени бидејќи авиотранспортот отворил нови хоризонти.

1. Кошкол, Исик Кул, Киргистан

Кошкол е село во областа Исик Кул во истоимената провинција во Киргистан. Ова одморалиште е распространето по брегот на езерото Исик Кул. Дело од градбите од времето на Советскиот Сојуз денес стојат напуштени. Она што требало да биде луксузно одморалиште е речиси целосно напуштено, луѓето се заменети со понекоја овца на плажата а градбите се исцртани со графити.

- Реклама -