Американската Морнарица ќе создава гориво од морска вода

Кога сте во непознат регион и барате место да го наполните резервоарот со гориво лесно можете да бидете фруструрани. Замислете како би било ако ова мора да го правите со носач на авиони.

За да си го олесни процесот на наоѓање гориво, американската воена морнарица работи на метод за користење на морска вода за гориво. Научниците од Naval Research Lab се обидуваат да извадат јаглерод диоксид од солената морска вода, да го искористат за создавање на водород кој потоа ќе биде претворен во авионско гориво користејќи процес за конвертирање гасови во течности.

Од морнарицата велат дека овој процес ќе биде поевтин и нема да ѝ штети на животната средина. Плус, во морската вода има многу јаглерод диоксид – речиси 140 пати повеќе отколку во воздухот.

Процесот функционира вака: Во првиот чекор, каталист базиран на железо кој може да постигне 60 процентна конверзија на јаглерод диоксид и да го намали несаканото производство на метан од 97 на 25 проценти во корист на подолги низи на незаситени јаглехидрати (олефини).

Во вториот чекор овие олефини можат да бидат олигомеризирани во течност која содржи јаглехидрати, кои се соодветни за конверзија во авионско гориво со каталитичка реакција подржана со никел. [Fueling the fleet, Navy looks to the seas]

- Реклама -