Мора да е ѓаволски добар: Топка сладолед од 816 долари

Еве уште една работа во која Дубаи се “нај” во светот. Покрај највисоката зграда во светот и најголемиот трговски центар, сега пристигнува и најскапиот сладолед во светот.

Имено, “Scoopi Café” од Дубаи го создадоа најскапиот сладолед наречен “Black Diamond”, кој чини неверојатни 816 долари за топка.

Овој егзотичен сладолед е достапен во новоотворениот кафе бар “Scoopi Café” на Ал Васл Роуд во Дубаи.

Основачот на кафе барот внимателно го создал овој сладолед, за кои му биле потребни дури пет недели, а неговите состојки се набавени од секаде ширум светот за да се добие уникатен рецепт.

17113432-mmmain

- Реклама -