Монтажна куќа за изолирање од градскиот живот

Монтажните куќи одамна се хит, а нивната мобилност им овозможува на луѓето да
живеат на поизолирани места, надвор од градската врева.

Архитектите од “Colectivo Creativo” создаваат VIMOB – куќа, составена од лесно монтажни модули.

Во внатрешноста на домот преовладува дрвото – ѕидовите и таванот се обработени со дрвени табли, а подот е со ламинат. Природните нијанси на фасадата пак се во апсолутна хармонија со природата наоколу.

Пространата куќа располага со сè што е потребно – трпезарија и кујна, две спални соби и бања, како и со високи прозорци кои што обезбедуваат доволно светлина. Што се однесува до дворот – зависи од местото на кое се вметнува мобилната куќа. Колку е позелен регионот, толку поубав ќе биде просторот пред куќата и погледот од него.

1_1449244292 2_1449244293 3_1449244294 4_1449244295 5_1449244297 6_1449244298 7_1449244298 8_1449244300 9_1449244301 10_1449244303 11_1449244305 12_1449244307 13_1449244308 14_1449244310 15_1449244311

- Реклама -