Монт Еверест – највисоката депонија во светот (ВИДЕО)

Алпинистите имаат проблем со Монт Еверест, ама и Монт Еверест има проблем со планинарите. Поточно, со нивното ѓубре. Многу, многу ѓубре.

Специјализираниот еко тим од Непал неодамна собрал повеќе од 3 тони ѓубре од областа околу највисокиот врв во светот. Во 45-дневната иницијатива за чистење, која започна на 14 април, планираат да соберат уште 8 тони, пренесуваат локалните медиуми.

„Целта ни е да извлечеме што повеќе отпад од Еверест и со тоа да ја вратиме некогашната слава на планината. Еверест не е само круна на светот, туку и наша гордост“, вели Данду Раџ Гимир, туристичкиот директор на Непал.

Ова е прва акција на чистење од ваков размер/вид, организирана од Министерството за туризам на Непал во соработка со локалните власти и планинарските групи.

Околу 500 алпинисти и уште 1.000 помошнички персонал ќе се искачат годинава до повисоките кампови. Планинарите со себе носат големи ранци и многу опрема и намирници, па зад себе често оставаат ѓубре. Дел од него е разградливо, но огромен дел не е.

И претходно имаше напори да се отстрани/намали ѓубрето. Во 2014-та, на пример, беше воведено правило секој од алпинистите да врати назад барем 8 килограми – толку ѓубре остава зад себе просечен алпинист на Монт Еверест, велат проценките. „Кога алпинистите би го враќале својот сопствен отпад… Многу би помогнало во тоа Еверест да се одржи чист“, вели Гимир.

Чисто за претстава: Алпинисти го искачуваат Монт Еверест во 2013-та. Секој од нив остава по 8 килограми отпад, според проценките.

Според Асоцијацијата на искачувачи на Еверест (Everest Summiteers Association), на врвот на планината има преостанато вкупно уште околу 30 тони ѓубре.

Еко тимот на Непал, пак, иако брои само 12 членови, не се откажува. Велат дека ќе симнат колку што е можно повеќе: „Сè на Еверест, освен карпите и снегот, ќе биде симнато“, вели Тика Рам Гурунг, секретар на Непалската планинарска асоцијација. Една од главните цели ќе биде пораката – дека планината треба да се одржува чиста.

 

Покрај ѓубрето, волонтерскиот еко тим враќа и друг вид „остатоци“ – тeлa на зaгинaти планинари. Климатските промени и повисоките температури доведуваат до сè поголемо топење на снегот и глечерите, па ваквите глетки се сè почести. Чисто за претстава, се смета дека од 1992 година наваму дека на Монт Еверест зaгинaлe над 200 алпинисти.

Што се однесува до самиот врв, таму, секако, чистењето ќе биде најтешко. Дури и да нема ѓубре, ќе останат (и ќе се множат) знамињата на тие што го искачиле (фото најгоре, видео ТУКА).

- Реклама -