Приватната телекомуникациска компанија Ncell од Непал од пред четвртокот им овозможува на сите посетители на покривот на светот пристап до брз широкопојасен интернет. До сега планинарите зависеа од скапи сателитски телефони за комуницирање со остатокот од светот. Компанијата вели дека ова е првата ваква мрежа поставена во близина на врвот висок 8848 метри надморска височина.

„Ова постигнување е големо како и планината бидејќи брзиот интернет ќе донесе побрза, поефтина телекомуникациска услуга на луѓето кои живеат во Долината Кумбу, планинарите и алпинистите“ рекол Ларс Ниберг, претседател на нордиската телекомуникациска компанија TeliaSonera, која поседува 80 проценти од Ncell.
„Денес го направивме највисокиот видео повик во светот од Монт Еверест“ изјавил претседателот на Ncell, Паси Коистинен за новинарите во Катманду. Повикот бил направен на надморска височина од 5300 метри во кампот од кој планинарите го започнуваат искачувањето кон Монт Еверест. 3G мрежата овозможува брз пристап до интернет, испраќање видео клипови и електронска пошта како и видео повици до пријатели и семејства, за далеку помали цени од просечниот сателитски телефон. Телекомуникациски услуги им се достапни само на една третина од 28 милионското население на Непал, најсиромашната држава во јужна Азија. Ncell додале дека нивната родителска компанија TeliaSonera наредната година ќе потроши над 100 милиони долари за проширување на мрежите во Непал со што ќе им овозможи пристап до телекомуникациски услуги на над 90 проценти од населението на земјата. [Nepal firm takes high speed Internet to Mt Everest]