Монструмите од Париз вмешани во дрога, проституција и криминал

Келнер од геј-бар откри морничави детали за монструмот од Париз, кој убиваше од името на Алах.

Салах Абдеслам (26) кој е осомничен за организирање на терористички напад во Париз, поголем дел од своето време поминувал по геј баровите пушејќи хашиш и играјќи плејстејшн.

„Мислевме дека е машка проститутка бидејќи постојано беше со таков тип на луѓе, вели за Дејли Мејл Јулиен, келнер од геј бар во кој Салах често наминувал.

Untitled-4-620x350

Сопственикот на клубот кој сакал да остане анонимен ја информирал полицијата дека терористот бил чест гостин во нивниот клуб, поради што интензивно ги разгледувале снимките од безбедносните камери со цел да го идентификуваат.

Ништо подобар од Салах не бил ни неговиот брат Ибрахим, кој се разнесе со бомба во парискиот кафич  “Comptoire Voltaire”.

Имено, пред да го направи тоа, тој водел озлогласен клуб во бриселскиот кварт Моленбек, кој бил затворен само ден пред нападите во Париз, бидејќи служел како параван за дилерство на дрога.

Tan2015-11-14_71210808_1

Карим, близок пријател на браќата Абдеслам, ги потврди неодамна овие наводи и додаде дека Ибрахим и Салах поголем дел од своето време го поминале пушејќи марихуана и играјќи плејстејшн во барот на Ибрахим.

Интересно е што ИСИС е познат по тоа што луѓето со хомосексуална оријентација ги убива фрлајќи ги од високи згради, а по тој повод во јавноста објавија неколку видео снимки кои покажуваат погубувања од ваков вид. Истата казна ја применуваат и на прељубниците, додека луѓето кои консумираат алкохол и дрога ги казнуваат со претепување.

Tan2015-11-14_194823760_01

Повеќе на темата.

- Реклама -