Монопол по улиците на Чикаго

Новиот уличен уметник, кој се претставува под псевдонимот Bored, ги претворил улиците во Чикаго во масивна алтернативна табла за играње монопол, комплетирана со огромни коцки и карти „шанса“ и „изненадување“.

Човекот (или групата) што се крие зад псевдонимот Bored одлучил да остане анонимен, меѓутоа објаснил дека бара начини да го изрази своето незадоволство од речиси никаквата улична уметност низ улиците на Чикаго.

Тој назначил дека целта на овој проект е да претставува нешто покреативно и поинакво од секојдневна матрица насликана на асфалтот или постер залепен на ѕид. Сакал да направи тридимензионална улична инсталација што може да се допре, подигне, удри, клоцне или скрши. А во случај некој да се обиде да ја отстрани од улицата, таа повторно да „никне“ како плевел. Ако, пак, сите ја остават на мира, тогаш ќе еволуира во нешто целосно поинакво.

Приказната ја споделува This Colossal, каде се вели дека иако постојат повеќе добри улични артисти во Чикаго, делото на Bored е промена за поздрав и се надеваат на многу други симпатични проекти во иднина.

- Реклама -