Моника Левински за прв пат проговори: Го сакав Бил Клинтон!

Поранешната секретарка на поранешниот американски пртседател Бил Клинтон, Моника Левински (41), за прв пат јавно прозборе во врска со аферата со претседателот која ја стресе јавноста во 90-тите години.

Таа раскажува како пристигнала да работи во Белата куќа, како започнала афера во 1995 година и како го сакала многу.

„Тогаш имав 22 години, завршив факултет и почнав да стажирам во Белата куќа. Но се заљубив во својот шеф, а тој беше претседател на САД. Започнавме афера во 1995 година, а таа со прекини траеше 2 години. Тоа беше добро за мене, се додека не се дозна во јавноста за тоа. Многумина ми говореа дека треба да го променам името, а некои дури зачудено ме прашуваа зошто тоа веќе не сум го направила. Но јас сум се уште Моника Левински – изјавила таа во почетокот на говорот.

- Реклама -