МОН: Почна печатењето на новите учебници, испораката целосно ќе се заокружи во ноември

Почна печатењето на учебниците за основно образование кои се нови и оваа учебна година прв пат ќе се употребуваат, информираа од Министерство за образование и наука.

Приоритет во процесот на печатење, како што се наведува од министерството, имаат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение, кои „низ сложена неколкумесечна постапка се неодамна одобрени, а нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование“.

Целосната испорака, согласно Договорот со економскиот оператор – печатницата „Европа 92“, ќе биде заокружена во текот на следниот месец, потенцираат од министерството.

„МОН, заедно со другите надлежни институции, ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници зашто тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно-образовен процес“, се додава во соопштението.

- Реклама -