ПСЖ ги исфрли Челзи надвор од Лигата на шампионите по драматичното финале на Стемфорд Бриџ.
Лудиот натпревар во Лондон им донесе на Парижани нови спортски херои. Фудбалерите на ПСЖ успеаа да се изборат за 2:2 во продолжението и поради двата гола во гости поминаа во четврт-финалето исфрлувајќи го лидерскиот тим од Премиер Лигата.
Како и минатата година во полуфиналето со Атлетико, Челзи не се прослави пред очите на светската фудбалска јавност. По малку кукавички фудбал кој понекогаш знае да го презентира Жозе Мурињо доживеа нов дебакл во Лигата на шампионите.
Освен што ПСЖ ги исфрлуваше играч по играч во помалку во 90 од 120 минутна битка, со 54% посеедување на топката (со играч помалку), многумина ги разочараа домашните играчи кога буквално изнудиле црвен картон за Златан Ибрахимовиќ од холандскиот судија Куиперс.
Ибрахимовиќ направи груб старт, но црвениот картон сепак беше жестока казна, која подоцна се покажа во забавената снимка.
Тој црвен картон го уништи натпреварот од холандскиот судија, кој по тоа целосно го изгуби секој критериум.
Жозе Мурињо во негов стил веќе ги подготвил и судијата и своите играчи дека гостите ќе играат грубо и со многу прекршоци во Париз.
Жозе Мурињо не може да поверува што гледа и Диего Коста во очај по исфрлувањето на Челзи.