Креативната серија на часовници во кои има минијатурни фигури се дело на дизајнерот Доминик Вилкокс за продавницатa „Dezeen Space“. Секое парче е уникатно и инспирирано од секојдневието во Лондон. Подлогата се состои од застарен часовник над кој се прицврстени разни минијатурни фигури заштитени со високо стакло. Креативните и единствени модни аксесоари чинат нешто повеќе од 700 евра.