Гоце Христоманов кој го фати крстот во Муртино заедно со останатите пријавени собраните пари ги донираа на Никола Новоселски.
32 Годишниот Никола Новоселски од с. Муртино-Струмица пред неколку години доживеа тешка сообраќајна несреќа од која сеуште се опоравува.
Се здоби со тешки телесни повреди на главата кои предизвикаа трајни последици и се уште се наоѓа во коматозна состојба, без можност да се движи и зборува.