Португалскиот фудбалер го поканил на гости младиот Дејвид (14).
Младото момче од Полска, кое се разбудило од кома откога го слушнал извештајот од натпреварот во кој неговиот идол Кристијано Роналдо постигна три гола.
Полсткиот тинејџер Дејвид (14) бил во кома по пад од велосипед. Родителите му пуштале пренос од натпреварите на Реал Мадрид и Португалија затоа што е обожавател на Кристијано Роналдо. Со слушалки на ушите се разбудил по три месеци во кома, и тоа токму во моментот кога португалецот го постигнал третиот гол против Шведска во дополнителните кфалификации за СП.
Барајќи ја „сламката на спасот“, родителите на Дејвид отишле во специјализирана клиника за опоравување на деца. Тие им предложиле, откако ги дознале навиките и интересите на момчето, дека тоа би можело да му помогне слушајќи што се случува со неговиот идол. Дејвид се разбудил по три месеци кома, со натпреварот во кој Кристијано постигна хет-трик.
За нивната приказна слушнал и славниот Роналдо, па Дејвид и родителите ги поканил на Santiago Bernabeu да го гледаат натпреварот против Борусија.
Благородниот гест на херојот Крисијано Роналдо не е изненадувачки. Тоа не му е прв, а се чини ни последен гест.
Веќе неколку пати португалецот донирал големи суми на пари за лекување и итни операции на болни деца низ целиот свет…