Повеќето деца имаат големи соништа. Тие сакаат да го запознаат нивниот омилен спортист или пејач, да одат во Дизниленд или да бидат принцези. Но, 12-годишниот Лука сонува да прави работи што речиси сите можат да ги направаат.
Тој би сакал да може самиот да се движи, да се облекува или нахрани. Лука е роден со болест на мускулите поради која единствените активности кои може да ги врши се да ја контролира со рацете неговата електрична количка, или да црта. Словенскиот фотограф Матеј Пељхан, на некој начин му помогна на Лука да се доближи до остварувањето на неговите соништа. Во неговиот проект, тој без да користи фотошоп или било каква магија, успеа да направи фотографии на кои изгледа како Лука да танцува, плива, вози скирол, игра кошарка итн…