Моќта на една банана во денот

Дознајте што може да направи една банана на ден за вашето здравје.

Ова вкусно тропско овошје спаѓа во омилените намирници, но веруваме дека не сте ни свесни колку се бананите здрави.

Во продолжение дознајте за сите нивни благодети.

Депресија

Според истражувања спроведени врз луѓето кои патат од депресија, многумина се чувствувале добро после јадење на банана. Причината е во состојката триптофан, вид на белковина која влијае врз серотинот, т.н хормон на среќа, што опушта, подобрува расположение и не прави посреќни.

ПМС

Заборавете на пилулите, јадете банани. Витаминот B6 што изобилува во бананите го регулира нивото на гликоза што дирекно влијае на расположението.

Анемија

Големата количина на железо во бананите овозможува и стимулира производство на хемоглобин,

Крвен притисок

Ова јужно овошје е исклучително добро бидејќи содржи многу малку соли, но големо количество на калиум кој е важен за регулирање на крвниот притисок. Ако редовно консумирате банани ќе ги намалите и шансите за добивање на мозочен удар.

girl-isolated-on-white-background-holding-a-banana-near-the-mouth

Мозок

Токму така, бананите имаат позитивно влијание и врз работата на мозокот, а едно истражување покажа дека учениците кои наутро јадат по една банана имаат подобра концентрација во текот на целиот ден.

Констипација

Бидејќи изобилуваат со влакна, бананите помагаат за побрзо да го пребродите проблемот при констипација без употреба на лаксативи.

Мамурлук

Имавте бурна ноќ? Без грижи, еден експресен милкшејк од банана ќе ве ослободи од главоболката буквално додека да трепнете. Ако додадете и една лажичка багремов мед, ќе го смирите желудникот, но и ќе ги надополните потребите за шеќер.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Утрински мачнини

Бананата ќе ви помогне да ги намалите, па дури и потполно да ги елиминирате ако се одлучите токму ова овошје да биде ваша ужинка.

Каснување од комарец

За да го намалите отокот при каснување од комарец или сличен инсект, протријте го местото на убодот со внатрешниот дел од кората на бананата и србежот и пецкањето наскоро ќе исчезнат.

Нерви

Бананите изобилуваат со витамин Б кој помага да се смири целиот нервен систем. Ако имате стресно работно место одлучете се токму ова овошје да биде ваша секојдневна ужинка.

no-more-page-3-tesco-sun-newspaper-naked-man-banana

Црева

Ова магично овошје поради својот мек состав се користи и како диетална храна против цревни болести.

Ја регулира температурата

Трудниците на Тајланд редовно консумираат банани како на нивните бебиња би им било “доволно ладно” кога ќе се родат.

Лечи акни

Тријте ги акните со внатрешната страна на кората околу 10-тина минути. Остатоците на лицето оставете ги колку може подолго. Идеално би било да се измиете пред да си легнете. Повторувајте ја постапката секој ден, сè додека не забележите подобрување.

Бели заби

Тријте ги забите со кора од банана околу две минути при секое миење. Манганот, магнезиумот и калиумот влијаат одлично на белината на забите.

- Реклама -