Моќен настап на „Шевролет“ во Лас Вегас

Chevrolet многу типува на новината SS Sport. Дури две изведби има на тема: Chevy Sonic, едната фокусирана на брзини, додека другата се обложува на стилот, па логично првиот е наречен Performance Concept, а вториот – Accessories Concept.

Кај Chevrolet Impala Blackout Concept во преден план е црното во секој поглед – каросерија, браници, спојлери, сплитери, внатрешност… и што ли уште не!

Chevrolet го претставува за време на саемот SEMA и COPO Camaro. Автомобилот е создаден да ги задоволи правилата во NHRA за сериите Stock Eliminator и Super Stock. Компанијата ќе произведе само 69 примероци од моделот кој има V8 мотор со 2,9-литарски компресор Whipple. Како избор се нудат атмосферските мотори COPO 427, 396, 350, како и 327 со 4,0-литарски компресор.Сите автомобили се прават рачно и имаат комплет за безбедност по правилата за NHRA, исто така и тркачка суспензија.



- Реклама -