Моќта на камерата на Samsung Galaxy S5

Samsung Galaxy S5 наскоро ќе биде пуштен во продажба и Samsung Mobile се обидува да ги убеди фановите во неговата моќ и ефикасност. Сега на ред е презентација на можностите на 16 мегапикселната камера која има иновативна ISOCELL технологија.

Речиси на сите им е познато дека мегапикселите не играат клучна улога во квалитетот на сликите, туку најважна е апаратурата на камерата. Затоа Samsung Galaxy S5 има напреден ISOCELL сензор со пиксели кои собираат повеќе светлина, имаат поголем агол и подобра репродукција на бои во однос на BSI сензорите.
Според Samsung Mobile новиот Galaxy S5 ќе биде еден од најдобрите камера-смартфони на пазарот со рекордно време на автофокус од 0.3 секнуди и истиот ќе може да го промените откако е направена сликата. Во продолжение погледнете ја целата видео презентација за ISOCELL сензорот на камерата на Galaxy S5.

)

Teкстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk

- Реклама -