Мојата жена е медицинска сестра, мојата жена е херој

Кога Боби Весон напишал статус на Фејсбук за својата сопруга, не очекувал дека истиот ќе се рашири во светски рамки.

Раина Визон од Алабама е медицинска сестра во Брза помош. Секој ден ги остава сопругот и синот додека спијат, за да оди во долгите ноќни смени и работи повеќе од 14 часа.

765905-650-1448282422-b4f2f072970ddd7e1011d3aff059e1e1„Ова е мојата жена која спие. За еден час ќе се разбуди и ќе облече униформа.

Алатките и предметите кои се неопходни ќе ги припреми внимателно, набрзина ќе ја среди косата и шминката, а потоа ќе рече дека изгледа ужасно. Јас не се сголасувам со тоа, а потоа и носам кафе.

765755-650-1448282422-12345

Таа седи на креветот со нозете прекрстени, пие кафе додека среќно игра детето околу неа.

Повремено ќе погледне рамнодушно додека разговараме, мислејќи дека не ја забележуваме.

Ќе го бакне бебето, па мене и ќе замине да им помогне на луѓето кои го имале најлошиот ден во животот. Автомобилски несреќи, прострелни рани, експлозии, сиромашни, богати, зависници – без разлика кој си и што си направил.
Таа се грижи за сите вас.

Се враќа дома по 14 часа работа и ги остранува чевлите извалкани од крв, солзи, оган и ги остава надвор.

Понекогаш и не сака да зборува за тоа, чека да помине некое време.

765655-650-1448282422-11987210_512725032226772_455374106100935653_nПонекогаш се смее и плаче, понекогаш само плаче, но без оглед на ситуацијата таа секога е на време на работа и ја чека својата смена.

Мојата жена е медицинска сестра. Мојата жена е херој.“

Илјадници луѓе коментирале на овој статус, се заблагодариле на неа и нејзините колеги заради нивната секојдневна работа.

- Реклама -