Мофи не е како останатите женски супермодели. Да, таа е млада, прекрасна, талентирана и ги има совршените телесни пропорции, но има и едно нешто што ја одвојува од останатите колешки – таа има криви очи.
Најголемиот дел од девојките со физички „грешки“ не можат ни да се надеваат на кариера во моделството, но во случајот на Мофи, токму страбизмот (криви очи) и помогна да стане успешна во модниот свет. Пред нејзината славна фото-сесија за POP Magazine, таа никогаш не позирала за модно списание, но нејзината чиста неконвенционална убавина ги маѓепса сите. Меѓу нив и луѓето од Storm, агенцијата за модели што ја откри Кејт Мос, кои неодамна потпишаа со Мофи.
Откако фото-сесијата се покажа како хит, многумина ја етикетираа Мофи како „следното големо нешто“ во фото-моделството. Ќе биде интересно да видиме дали навистина ќе биде така и дали нејзината несекојдневна убавина ќе успее да ги разниша претерано строгите стандарди на модната индустрија. Ние навиваме за неа, а вие?