„Модриќ не ми ја даде десетката што ја посакував“

Еден Азар пристигна во Реал Мадрид во летото 2019 година како значајно засилување, со трансфер вреден околу 100 милиони евра. Белгиецот потпиша петгодишен договор со „кралскиот клуб“ по напуштањето на Челзи, но неговиот престој во Мадрид не ги исполни очекувањата.

Во неодамнешно интервју за францускиот „Канал+“, Азар сподели интересни детали од тој период, вклучувајќи ја и приказната за бројата на дресот што не му се допаѓал.

Тој откри дека по пристигнувањето во клубот, морал да го прифати дресот со број седум, кој претходно му припаѓаше на Кристијано Роналдо, иако тоа не била негова желба.

Неговата цел беше поинаква.

„Не ја сакав седумката. Го сакав бројот десет на Лука Модриќ. Го прашав и мислев дека ќе каже ‘добро, земи го’, но тој не ми го даде“, раскажа Азар низ смеа.

Белгиецот нагласи дека никогаш не се чувствувал оптоварен со тоа што требало да го наследи Роналдо.

Прочитајте и:  ФИФА воведува нова, побрза полуавтоматска технологија за офсајд: откријте што претставува ова!

„Не беше никаков товар за мене. Не дојдов во Реал да го заменам“, призна тој.

Тој додаде дека медиумите создакоа наратив дека доаѓа како замена за Роналдо, иако нивните стилови на игра се сосема различни.

„Медиумите говореа дека ќе го заменам Роналдо. Мислам дека мојот стил е потполно различен од неговиот. Не можев да постигнувам 60 или 70 голови годишно. Едвај толку постигнував во целата моја кариера. Значи, мојот стил на игра беше сосема различен“, објасни тој.

„Дојдов таму да играм како Еден, а не да го заменам Кристијано. Но, како што често се случува, работите не одеа така како што планирав“, заклучи Азар, чија кариера во Реал Мадрид беше делумно обележана со повреди.

Фото/ Depositphotos