Женските дотатоци во облеката, можат да ја разубават и комбинацијата која самата по себе изгледа премногу едноставно и невпечатливо.
Шапка
Шапката го завршува изгледот на жената. Некогаш мажените жени воопшто не излегувале на улица без неа. Сега барањата се таа првенствено да одговара на облеката и формата на лицето, а носи како со костуми, така и со фустани и палта.
Во текот на денот се носат широки капи или беретки, а навечер – т.н. мали црвенкапа шапки.
Кон попладневниот костум или фустан оди малата шапка, која не е вообичаено да се соблекува.Таа се смета за дел од фустанот и не се вади на свечен собир, во ресторанот, кафуле, во театар.
Ракавици
Дамите носат ракавици – кожа, велур или од ткаенина. Тие треба да бидат во хармонија со облеката, да не се наметнуваат. Врз нив не се ставаат прстени, но нараквицата е дозволена. Белите ракавици е прифатено да се носат во посебни случаи – големи приеми, свадби, во театар, на балови. Црните се доживуваат како неутрални.
Марами
Марамите и шалчињата можат да направат ги елегантни и најелементарните фустани …Тие дури можат да ја заменат потребата од накит.
Чанта и накит
Неизбежни и секогаш ефективни.
Чадор
Верувале или не и чадорот можете да го искористите како фантастичен моден додаток. Да се потсетиме на предупредувањето на Гај де Мопасан: „Најопасното оружје во рацете на една жена е чадорот.”