Сигурно веќе сте поминале барем покрај неколку излози, каде овој тип на здолништа стојат изложени ударно. Кратко или долго, црно или шарено – тоа е како пар кул фармерки кои по секоја цена треба да ги имате во вашата гардероба оваа сезона.
Ако сакате да сте во чекор со трендовите, ослободете се од стереотипите дека коженото здолниште изгледа вулгарно и научете неколку фори за комбинирање.
Со кожна јакна
Ви гарантираме дека ако го комбинирате актуелното кожено здолниште со јакна од истиот материјал, нема да изгледате како хероини од “Матрикс”. Можете дури и да изберете различни бои.
Со елегантен капут
Есенски капут и здолниште од типот молив – полн погодок!
Со широк џемпер
Волуменските и широки џемпери ветуваат дека ќе бидат актуелни и во оваа сезона. Додадете шал или масивен ѓердан и подгответе се за погледи.
Со јакна или кошула од тексас
Тексас јакните даваат едно градско емитување на речиси секој стајлинг.
Со патики
Го сакаме комбинирањето на спортското со елегантното во една визија, особено кога станува збор за ваков тренд.