Moдната икона направи модна катастрофа

Модната недела во Њујорк е во полн замав и по тој повод се појавија десетици популарни личности, почитувачи на модната уметност. Ријана е меѓу најпознатите и фотографирани гости на неделата на модата во Големото Јаболко и по тој повод таа не престанува да изненадува за секое шоу , на кое што ќе се појави.

Во еден ден пејачката смени цели три парчиња! Неделата беше денот на големата модна парада на барбадоската убавица, која неодамна беше прогласена за Модна икона на годината.

Ние се „фативме“ за нејзиниот прв  избор во чест на церемонија на Edun, која што претставуваше чисто бел костум со хипер долги ракави кои целосно ги покриваат нејзините раце.

Таа во костимот делува како да го позајмила свадбеното сако од својот дедо, ни најмалку елегантно, уште помалку стилски и софистицирано.

И модните икони знаат да направат моден УПС.

article-0-2129E13800000578-5_634x949

- Реклама -