Патиките се симбол на слободата и желбата да се експериментира, па затоа тие целосно ги освоија срцата на жените ширум светот.
Отсекогаш ни се допаѓале девојките кои умеат да носат патики со стил. Но, вистината е дека овие спортски чевли можат да се вклопат неверојатно добро во речиси сите стилови на кои што можете да се сетите, доколку знаете како да ги носите.
Денеска решивме да споделиме со вас неколку неверојатни примери што докажуваат дека можете да бидете елегантна и шик, и тоагш, кога ќе ги оставите високите потпетици во домот.