Признале или не, вистината е дека најчестата поента на споделувањето на селфи е да ги направиме другите љубоморни. Една нова студија покажува дека просечната модерна жена троши дури 5 часа неделно за таа намена.
Од анкетата направена врз 2000 жени, на возраст од 16-25 години, произлегува дека денешните девојки прават барем три селфи-ја дневно. Во просек, за секое од нив, модерната жена е спремна да потроши и по 16 минути.
Во однос на рутината што му претходи на фотографирањето, 57% рекле дека бараат место со погодна осветленост, 33% ја поправаат шминката или одново се шминкаат, 46% прават фризура, а 4 проценти дури нанесуваат и лажен тен.
Во однос на селфи фотографиите со сексуален подтекст, една од три жени признава дека ги споделува со цел да привлече потенцијален партнер.
Меѓу другото, 5% од жените признаваат и дека прават селфи дури и кога се во ве-це. Рецептот е да ја накривите главата и да ја изоставите тоалетната хартија или тоалетната школка од кадарот.
Лајк за трудот, ако ништо друго.