Модерна верзија на традиционална икона (видео)

комбеКога првпат се појави комбето на Фолксваген веднаш стана икона на ерата на хипиците. Неговата модерна верзија, Bulli, повторно е наменета за слободоумните возачи, но има претрпено неколку модернизации кои ќе го воведат во дваесет и првиот век.

Новото комбе е електрично возило кое во средината на контролната табла има интегриран iPad. Возилото има зачувано дел од елементите од оригиналот, наместо седишта има предна и задна клупа во кои можат да се семстат по тројца патници. За жал ова возило во моментов е само концепт, но сепак можеме да се надеваме дека Фолксваген ќе реши да започне со сериско производство.

{youtube}SkunV4PbmS8{/youtube}

Прочитајте и:  „Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
- Реклама -