Неколку години велосипедот почна да станува дел од секојдневниот живот на повеќе луѓе во светот и главен начин за придвижување низ градот.
Веќе никој не смета дека мора да биде во спортска облека, за на својот велосипед. На улиците во сите поголеми и помали градови во Европа може да се видат девојки во совршен изглед кои елегантно го користат ова еко – превозно средство и предизвикуваат илјадници насмевки меѓу луѓето крај кои што минуваат.
Велосипедите ги освоија срцата на девојките од секоја возраст и станаа извор на инспирација за оние од нив кои ја сакаат модата. Денес велосипедот не е само средство за движење, туку и совршен додаток за целовкупниот изглед и стил. Интересно е дека не е потребно да го барате најубавиот и женствен модел. Сосема доволно е да бесне фантазијата, за да го постигнете истиот ефект. Додадете дополнителна плетена преграда, цвеќиња, гајба или кожена торба за велосипед, и сигурно ќе го преобразите своето првозно средство.
Ви предлагаме да ги разгледате фотографиите во продолжение.