Мона Лиза на 21 век ги освои ѕидовите насекаде низ светот додека графити уметниците наоѓаа нови начини да ја претстават жената за која никој не знае зошто се смешка…
Мона Лиза на 21 век ги освои ѕидовите насекаде низ светот додека графити уметниците наоѓаа нови начини да ја претстават жената за која никој не знае зошто се смешка…
Контроверзна верзија на Мона Лиза во Англија. Многумнина се навредија од ваквата поза, но можеби уметникот сакал да ја стави под знак прашалник честитоста на култниот женски лик.
Црвената Мона Лиза насликана на ѕид во Русија позира со шише во рака. Црвената боја и ѕвездата на нејзиниот врат може да се поврзат со комунизмот, но како и со секое уметничко парче доживувањето треба да биде субјективно.
Лондонската Мона Лиза е насликана од Banksy и искажува политички став, со оружје во рака и мистериозната насмевка на лицето.
Спортска варијанта, во Порто, Португалија
Во Норвешка Мона Лиза со четка во рака се бои себеси. Авторот, Dolk, го нарекол ова парче Последната Мона Лиза.