Оригиналност, свежина и практичност – под овој наслов последните трендови во дизајнот на ентериер ги комбинираат добро, класичните идеи со современените модни сфаќања за погодност, комфорт и сјај.
Не секој ги прифаќа светлите бои со насмевка, особено ако се однесуваат на неговиот дом. Црвеното може да предизвика доза несигурност, па дури и страв кај некои луѓе.
Оваа боја лесно освојува, но и брзо опива. Дизајнерите советуваат ја вклучите како нијанса или акцент и да не ја користете на повеќе од три места во домот, бидејќи ризикувате да се најдете во лавиринт без излез.
Денес ќе ви претставиме еден модерен и стилски дом во Англија, кој е дизајниран за млад пар со две деца. Желбата на сопствениците била да имаат дом исполнет со стил и современ дизајн, кој ќе биде е пријатен и осветлен.
LLI Design имаат направено одлична работа, задоволувајќи ја желбата на семејството за погодност и функционалност. Мебелот е со многу едноставен, но ефектен дизајн. Ни се допаѓа мешавината од ретро елементи и комбинацијата на црвена, сива и бела боја.
Ако црвената е премногу светла за вас, а сепак сакате да создадете расположение, комфорт и мекост, подобро е да се обложите на темноцрвена. Таа се вклопува исклучително добро во силно осветлените простории.