Во лето сакаме макси здолништа од чиста материја и со нежна боја, но во другите сезони преферираме да се обложиме на удобните и невнимателни “boyfriend” фармерки и стилски панталони со раб.
Но, што ако ги промениме модните навики и почнеме да носиме почесто здолништа. Таа разновидност е толку голема, што не треба да се потпираме само на облеката, со која сме навикнати да се движиме, зарем не? Нема да зборуваме за мини здолништата, ниту за долгите до земја, денеска ќе се осврнеме на најновата модна манија на блогерки , манекенки и актерки – здолништата со должина до или околу коленото или т.н. школки здолништа.
Тие се пријатни, стилски и лесно може да се комбинираат со секоја останата облека. Високите чевли или чизми се комбинираат најдобро со здолништата со средна должина, бидејќи даваат дополнителна висина и не ви дозволуваат да изгледате старомодни.
Современата жена има и еден куп задачи кои треба да ги заврши во текот на денот, затоа не грижете се да ја комбинирате оваа облека и со ниски чевли. Фокусирајте се на посветла чанта, кожена јакна и модерен шал и вашата секојдневна визија е подготвена!
Актуелна е комбинацијата на еднобојно здолниште со весели отпечатоци.
Гледаме многу женствени силуети благорадение на тенокиот појас. Тоа е и омилена визија на вечно убавата и модерна Оливија Палермо:
Здолништата со средна должина се достапни во различни форми – повеќе за сензуалниот вид и обемниот разигран поглед кон модниот тренд. Здолништата со средна должина се не помалку сексапилни, треба само да знаете како да ги носите и како вешто да ги комбинирате.