Moден двобој: На која и стои поубаво?

Денеска имаме една жешка модна битка. Овој пат за вашите гласови  ќе се борат Роуз Хантингтон-Вајт и Рита Ора, кои се појавија со исти фустан  од пролетната колекција на модната куќа Gucci.

Кон крајот на ноември минатата година  Роуз присуствуваше на 3-тото издание на наградите LACMA Art + Film Gala. На настанот, посветен на Мартин Скорсезе и Дејвид Хокнеј, убавата моделка и актерка блесна со сексапил и шарм. Тогашната визија на Роуз  се состоеше од импресивниот  фустан од Gucci, препознатлив со длабокото V деколте, и црни сандали на висока потпетица.

Пред неколку дена Рита Ора присуствуваше на една after забава  по повод наградите BAFTA, облечена во истиот вечерен фустан.

- Реклама -