Денешната модна битка е вистинска битка на титаните, која ги става една спроти друга Ким Кардашијан и Викторија Бекам.
Двете личности несомнено се едни од најпознатите претставнички на понежниот пол во светот, а секоја од нив успеала да го најде своето место во модната елита.
Едната го направила преку создавање на елегантни модни колекции, препознатливи со љубов кон минимализмот, а другата преку обиколување на модни ревии, секогаш придружувана од спектакуларни дизајнерски тимови. Токму на една ревија во јули оваа година, за време на модната недела во Париз, риалити дивата Ким Кардашијан демонстрираше импресивна визија, која долго време беше тема на модните критичари и познавачите на модерното. Предметниот стајлинг на дивата се состоеше од креација од последната есенска колекција на Balmain. Целосниот изглед на законската партнерка на Кание Вест вклучуваше блуза со црни и златни детали, здолниште од типот „молив” со животински дезени и гладијаторски сандали на Hermes.
Пред неколку дена со истото здолниште се појави и Викторија Бекам. Пош ја одбра облеката за прошетка низ Лондон, комбинирајќи ја со црн џемпер и додатоци во иста боја.
Ким
Викторија
На која и „стои“ подобро?