Бијонсе не е само кралица на современата музика, туку и модна икона, чиј што стил е копиран од милиони жени во светот. Но дури и неа и се случува да ја „украде“ инспирацијата од нечија визија. Сексапилната ѕвезда беше уловена како го копира стајлингот на својата колешка Ријана. Бијонсе сподели со своите фанови на Инстаграм слики на кои што позира облечена во тексас здолниште од типот “молив” од Frame. Облеката е во комбинација со тексас јакна и бел топ.
Визијата на Бијонсе поразително потсетува на тоалета, кој што Ријана ја демонстрираше во април оваа година. Сопругата на Џеј Зи дури решила да ја украси кошулата со брошеви од Chanel исто како барбадоската гордост.
Која според вас изгледа подобро со оваа визија од типот “Denim on Denim”?