Мода 2015: Должините на здолништа и фустани што ќе се носат ова лето

Миди, мини или макси? Еве кои должини на здолништа и фустани можете да ги носите ова лето и како да бидете сигурни дека нема да згрешите.

За разлика од претходните трендови, ова лето ни носи модели на здолништа и фустани во разни дезени, бои, но и должина.

Она што е заедничко кај сите фустани е тоа што тие се претежно пријатни, романтични и нежни.

Ако сте љубител на кратките модели, а при тоа сте горда сопственичка на витко тело, можете слободно да се определите за овој модел. Мини фустаните за сезоната лето 2015, се одликуваат со необичен крој, кој одлично ја истакнува фигурата, но не е сосема прилепен кон телото. Формата на овие модели на фустани е многу удобна, а деколтето го замени округлестиот израз. Поради тоа овие пријатни и лелеави фустани ги освоија срцата на безброј дами кои се познати по истенчениот стил и вкус.

1

Жешко

Мини должината е идеална за жени кои сакаат да бидат елегантни во секоја прилика, па и на работното место. Ако имате витки и тенки нозе, слободно изберете должина малку над колената, која совршено ќе ги истакне убавите листови. Во случај да имате поистакната колкови и колена, можете да се послужите со мал визуелен трик. Модел под колената, со дискретна чипка, до над колениците, ќе го нагласи вашиот облик на тело, а ќе ги прикрие недостатоците.

2

Пријатно и романтично

Во континуитет на претходните трендови, и годинава се многу актуелни долгите и лелеави фустани. Сепак, оваа сезона дизајнерите воведоа некоја промена. Фустаните не паѓаат до подот, туку до ножните зглобови. Ако поседувате убаво деколте, фустаните со необичен израз ќе ве воодушеват. Во случај да сакате да додадете доза сексипил на овој романтичен стил, одлучете се за елегантен долг фустан со долг шлиц, за да ги откриете своите сакани нозе.

3

Погледнете уште неколку актуелни фустани за оваа сезона во продолжение…

4 5 6 7 10 11

 

- Реклама -