Мочај додека се тушираш

Woman showering

Знаете ли дека само 2% од водата на Земјата е слатка вода, а дури 1.6% од нив се „заклучени“ во поларните капи и глечери? Тоа значи дека ни остануваат 0.4% за употреба. Значи, ако не почнеме со заштеда на вода токму сега и да го спречиме залудното арчење на најважниот ресурс, наскоро ќе немаме чиста вода за пиење.

Водата и мочањето

Тоалетните казанчиња, во просек, содржат до 7 литри вода. Тоа значи дека ако мочаш 7 пати во денот, во просек, залудно фрлаш 49 литри вода во неповрат. Сега израчунајте колку фрла целото ваше семејство.

Е, од тие причини, на неколкупати до сега, некои земји водат кампањи со кои ги охрабруваат луѓето да мочаат додека се под туш. Таква имаше и во Бразил, а од скоро има и во Естонија.

Piski_dok_se_tusiras2[1]Во кампањата што направи на Талинци да им поцрвенат обравчињата – „Мочкај додека се тушираш“, се наведува дека секој Естонец може годишно да заштеди и до 3.000 литри вода. Кога сите Естонци би го послушале апелот, Естонија би штедела и до 4 милијарди литри вода годишно, што е петина од количината на водата во езерото Улемисте, најголемото езеро во близина на Талин, кое е и најголем дел од системот за водоснабдување на градот.

Ова го пишуваме од 2 причини:
1. Тие двајца што не мочаат додека се тушираат под итно да престанат да се однесуваат неодговорно, и
2. Вие другите што се срамевте да признаете, да си знаете дека нема ништо лошо во тоа. Напротив!

- Реклама -