Според една нова Шведска
студија, ако повеќе години користите мобилен телефон по најмалку 1 час
дневно, вашиот ризик да добиете тумор на мозокот е 240% поголем отколку
кај оние луѓе што никогаш не користеле мобилен.
Според една нова Шведска студија, ако повеќе години користите мобилен телефон по најмалку 1 час дневно, вашиот ризик да добиете тумор на мозокот е 240% поголем отколку кај оние луѓе што никогаш не користеле мобилен.
Истражувачите утврдиле дека и локацијата на туморот низ годините на екстензивно користење мобилен, има тенденција да се развива на страната на која се користи телефонот.Научниците испитале 905 луѓе кои имале малигни мозочни тумори и ги споредиле со контролна група од 905 здрави луѓе. Сите волонтери биле на возраст од 20 до 80 години. 85 од 905 кои имале малигни тумори биле најактивни корисници на мобилен-ги користеле повеќе од 10 години, во просек од 4 часа на ден.
Според Кејд Милд – лидерот на оваа студија, најдобриот начин да се намали ризикот е да употребувате хендс-фри сет.