Мобилни апликации за кариеристи

Олеснувањето на работните обврски е можно со помош на неколку мобилни апликации. Чувањето на визит картичките од соработниците, како и сите забелешки, пронаоѓањето на сместување кога сте на службен пат и опуштањето со помош на јога е можно со следниве неколку апликации!

ABBYY BCR

Оваа апликација достапна за оперативните системи iOS и Android овозможува чување на голем број визит – картички. Доволно е едно фотографирање на визитката и сите информации ги имате во телефонот.

abby

Evernote Smart Notebook by Moleskine

Moleskine ги пушти во употреба нотесите чии страници можат да имаат и виртуелен живот. За таа цел потребно е со помош на апликацијата да ја скенирате забелешката и потоа да ја зачувате во архивата на податоци во вашиот телефон. Апликацијата е достапна само за оперативниот систем iOS.

moleskin-evernote-smart-notebook-1

Airbnb

Оваа апликација е идеална за оние кои често патуваат службено, но не сакаат да се сместат во хотел. Airbnb собра илјадници адреси и телефонски броеви од домаќините кои издаваат соби, куќи, вили и друг вид недвижнини во повеќе од 190 земји. Достапен е за iOS и Android.

unnamed

Authentic Yoga

Од сега јога – гуру во вашиот телефон. Освен детално објаснување на вежбите апликацијата содржи и видео вежби за позите и вежбите за инстантно релаксирање за време на паузата од работните обврски. Достапен е за iOS и Android.

Authentic_Yoga_For_Iphones3

 

- Реклама -