Мобилен принтер без мастило

zinkМислевте дека неможе да се печати без кертриџ кога сте во движење? Револуционерен начин
за печатење на слики без мастило е конечно измислен од американската
компанија Zink Imaging.

 

zink_

 

Мислевте дека неможе да се печати без кертриџ кога сте во движење? Револуционерен начин за печатење на слики без мастило е конечно измислен од американската компанија Zink Imaging.

Компанијата која беше дел од големиот Polaroid, ќе ја користи најновата технологија за да направи мали принтери кои ќе може да се интегрираат на мобилните телефони и дигиталните камери до крајот на 2007.

За разлика од принтерите со мастило на кои им е потребен кертриџ за да работат, со оваа технологија ви треба само хартија, бидејќи целата хемија е во хартијата. Zink хартијата е направена од бела пластика покриена со тенки микро слоеви кои содржат кристали, и ќе ја обојат одредена температура.

За време на принтањето таа поминува преку термална глава, каде жештината ги претвора молекулите на бојата во слика. За да се постигне вистинската боја кај секој пиксел, температурата е прецизно контролирана.

За принтањето на една слика потребни се околу 30 секунди, а сликата изглегува комплетно сува и трајна, отпорна на вода.

Принтерите се очекува да чинат $200, додека 100 листа хартија околу $20.

Кога ова ќе биде во мода и сите ќе се сликаат и разменуваат фотографии од својот мобилен/принтер, испратете ни фотка и не заборавајте дека овде прочитавте за првпат!

- Реклама -