МНР: Оставаме уште 24 часа ВМРО-ДПМНЕ да му се извини на Османи

Министерството за надворешни работи денеска повторно побара извинување од ВМРО-ДПМНЕ поради, како што наведуваат, изречените груби лаги за време на празниците во врска со обраќањето на министерот Бујар Османи на средбата со неговиот шпански колега Хосе Мануел Албарез Буено.

„Изминаа 24 часа откако беа демантирани грубите лаги од страна на ВМРО-ДПМНЕ, пласирани за време на празници, а партијата сѐ уште не испрати извинување. Како поука за понатаму, за партија која е фатена на дело како лаже, оставаме уште 24 часа да се извини и кон Министерството и пред сѐ кон јавноста која беше вознемирена за време на празници. Со тоа, станува очигледно дека обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ преставуваат свесен обид за внесување меѓуетнички тензии и раздор во општеството, што може да се потврди и од вордингот и тајмингот на самата манипулација пласирана од ВМРО-ДПМНЕ“, се навердува во соопштението од МНР.

Фактот што обидот за манипулација на јавноста бил направен за време на празници, спроед МНР, претставува дополнителна навреда кон граѓаните на земјата, за што, велат, и очекуваат извинување.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска е уште една продолжена рака на Заев во СДСМ

„Како одамна воспоставена пракса Министерот се обраќа на ист начин од почетокот на мандатот како министер за надворешни работи последните три години, како и претходно две години како Вицепремиер за европски прашања; на јавните настапи пред домашната јавност Министерот се обраќа на двата службени јазици, што е видливо и од самиот видео запис (подолу), при што за медиумите секогаш е обезбеден и соодветен превод, согласно Уставот и Законот за примена на јазиците“, се посочува во соопштението.

Во прилог, од МНР испратија и линк од обраќањето на Османи пред новинарите по средбата со Албарез Буено:

ВМРО-ДПМНЕ вчера побара одговорност од Османи, обвинувајќи го дека во својство на министер за надворешни работи на меѓудржавна средба не го користел македонскиот јазик како официјален јазик.

- Реклама -