МНР: Го поздравуваме успешно спроведениот попис, во интерес на сите е резултатите да бидат поздравени и поддржани во практичната употреба

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го поздравува успешно спроведениот попис на населението, кој Државниот завод за статистика, како овластен носител на статистички истражувања, го спроведе со употреба на најмодерни алатки и технологии, согласно меѓународните стандарди и критериуми на Евростат“, соопшти денеска македонското МНР, посочувајќи дека министерството својот придонес го дало во делот на попишувањето на нерезидентното население во дијаспората, за што, како што велат, „изразуваат посебно задоволство“.

Од МНР потенцираат дека успешно завршениот попис е од големо значење за многу сегменти на функционирањето на државата и општеството, како и за обезбедување понатамошен развој. Дополнително е значаен, додаваат, затоа што последниот попис во државата беше направен во 2002 година.

Прочитајте и:  Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори

„Во интерес на сите страни е резултатите на овој значаен реализиран државен проект да бидат поздравени и поддржани во нивната понатамошна практична употреба, а нивното политизирање подложи на тврдења кои не се засновани на оправдани и издржани аргументи и стандарди“, се вели во соопштението на МНР.

- Реклама -