Сакате да се посмеете, па често „висите“ на интернет страни каде што можете да прочитате разни вицови, па потоа да ги раскажувате во весело друштво.
Но, сте се запрашале ли што научивте од сите тие вицеви? Одговорот е еден одличен хумористичен текст во неколку точки.
1. Кога се враќаш порано од службено патување, во гардероба секогаш има изненадување за тебе. Ако не најдеш ништо (или поточно никого), провери на балконот, во фрижидер или под креветот. Ако се уште не наоѓаш љубовник, значи сепак си задоцнил и си го расипал вицот. Излези пак и обиди се повторно.
2. Ако нарачате супа во ресторан, ќе се уверите во интересен научен факт: современите муви се удрени од еволуцијата на чуден начин и наместо да летаат, обожаваат да пливаат меѓу фиде и компири.
3. Ако твојот познаник има дете со име Ивица, бегај подалеку од него…
4. Особено ако ќерка ти се вика Марица.
5. Прифати дека сите хероини од детските приказни, од Црвенкапа до Заспаната убавица – можат да бидат вистински курви кога ќе ги сретнеш во шумата. Веќе ништо не е како порано.
6. Ако жена ти е русокоса, имаш голем проблем и наше сочувство.
7. Ако сакаш да блеснеш со нешто и да бидеш Македонец за пример, најдобро место е во друштво на Американец и Французин. За олеснување на историјата можеш директно да се претставиш како Трпе.
8. Ако го бараш одговорот на важно животно прашање, готварски рецепт или идеја за подарок на далечен роднина, јави се во утринска емисија и прашај.