„Многу се опуштивме, не е исклучено повторно затворање на кафулињата, рестораните и трговските центри“

Вчера во Србија е забележан најголем пораст на новозаразени во однос бројот на тестирани уште од укинувањето на вонредната состојба на 7 мај.

„Многу се опуштивме. Ако не почнеме да се однесуваме посериозно, ќе мораме да воведуваме големи казни за неносење маски и да ги вратиме другите рестриктивни мерки“, предупредува српскиот пулмолог д-р Бранимир Несторовиќ, член на српскиот кризен штаб за справување со епидемијата на Ковид-19, во интервју за српскиот „Информер“.

Во неделата во Србија соодносот на новодијагностицирани во однос на бројот на тестирани изнесуваше 1.75%. Вчера беше многу повисок – 2.16%. Доколку овој процент продолжи да расте, експертите предупредуваат дека многу брзо ќе следува враќање на рестриктивните мерки.

Од овие причини, српската премиерка Ана Брнабиќ за денеска најави вонреден состанок на членовите на Кризниот штаб, на кој ќе се разгледува токму прашањето дали е потребно враќање на некои од претходните, обврзувачки мерки.

Д-р Несторовиќ предупредува дека овој сооднос не смее да достигне 5%:

„Во тој случај буквално од почеток почнуваме да се бориме со коронавирусот, како ништо досега да не сме направиле! Штом се укинаа мерките, луѓето тоа го сфатија како крај на сето ова, што е погрешно. ‘Пyкна’ тој псиxoлошки момент и сите се однесуваат како ништо да не се случува, како до пред неколку недели да не беше вонредна состојба. Се појавуваат нови жapишта. Засега сѐ е под контрола, но не смееме да дозволиме нов раст. Ако процентот на заpaзени во однос на тестираните биде многу поголем и, не дај боже, стигне и до 5%, мислам дека некои мерки одново ќе се вратат.

Тука пред сѐ мислам на воведување на задолжително носење маски, а сите кои не би носеле би биле парично казнувани. Не е исклучено и повторно затворање на кафулињата, градините и терасите, трговските центри. Мораме да бидеме одговорни како општество, но и како поединци. Мора да се носат заштитни маски и ракавици во затворени простори, да се почитува дистанцата и да продолжиме и понатаму да ги избегнуваме тие српски срдечни поздравувања, прегрнувања и бакнyвања“, порача Несторовиќ.

За потсетување, Несторовиќ, кон крајот на февруари, коpoнавирусот го нарече „најсмeшниот виpyс во историјата на човештвото“.

 

- Реклама -