Многу едноставно: Со овој трик вашите обувки ќе станат отпорни на вода

За оваа едноставна постапка ќе ви бидат потребни свеќа и фен, а обувките од платно или кожа ќе станат отпорни на вода.

Подоцна веројатно ќе биде потребно да ги исчистите обувките што можете да го направите со уште поедноставен трик.

Вашите обувки нема да пропуштаат вода со помош на пчеличен восок, но доколку немате послужете и со обична свеќа. Постапката е многу едноставна. Со свеќа истријте ги обувките така што на нив ќе остане бел слој. Потоа исушете ги со фен, подесен на најниска температура.

На крајот, причекајте некое време и обувките ќе бидат подготвени за одење по дожд и снег.

- Реклама -