Ммм… 10 предизвици во сексот кои навистина возбудуваат

Сексот е игра во која сè е дозволено, а на вас и вашиот партнер останува да го зачините на најдобар можен начин. Ако ги сакате игрите кои ги разгоруваат страстите, пробајте ги овие предизвици кои вашиот сексуален одос ќе го доведе до највисоко ниво на страст и желба, а партнерот ќе ви биде многу благодарен.

Предизвик 1:

Кога најмалку очекува зграбете го и страсно бакнете го. Вашиот влажен бакнеж нека потрае. Фрлете го на кревет и поиграјте си со јазикот.

Предизвик 2:

За време на сексот не ги соблекувајте високите потпетици. Тие додатно ќе ги разгорат страстите и тој нема да може да им оддолее. За секс во високи потпетици најдобар е сексот во мисионерска поза и т.н. кучешки стил.

Предизвик 3:

Соблечете му ја облеката со заби, а рацете употребете ги да ја стимулирате неговата ерогена зона. Не постои ништо посекси од жена која превзема контрола.

Предизвик 4:

Покријте му ги очите со марама или вратоврска и дадете му незаборавно искуство. На тој начин ќе ги разбудите сите негови сетила. Не заборавајте на јазикот и додатните помагала како коцки мрази или пердуви.

Предизвик 5:

Превземете контрола и седнете врз него додека тој е во седечка положба. Користете ги колковите и задникот за танц на скут и не запирајте додека не полуди.

Предизвик 6:

Презервативот навлечете му го користејќи ги усните. Ако не, поиграјте си со техниката на орален секс без помош на рацете. Бидете нежни.

Предизвик 7:

Подгответе му вистинско вкусно изненадување. Направете си бикини од шлаг, легнете на креветот и послужете му го „десертот“ кој нема лесно да го заборави.

Предизвик 8:

Поминете го целиот ден целосно голи. Доручкувајте, туширајте се заедно и гледајте телевизија така што вашите тела да бидат споени во spoon- позицијата. Така ќе ги разгорите страстите и обичниот ден ќе го претворите во долга предигра.

Предизвик 9:

За време на предиграта во која сте над него, со нежен шепот и страсни задишки опишете му ја ситуацијата која следува. Опишете му што ќе направите и што сакате тој да ви направи вам.

Предизвик 10:

Изнанедете го додека е под туш или во кревет, нежно спуштете се надолу и задоволете го, но не до крај затоа што тоа е почеток на врел секс.

- Реклама -