ММФ одобри нова транша помош за Украина во висина од 1.1 милијарда долари

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) вчера ја одобри петтата ревизија на програмата за проширен фонд (ЕФФ) за Украина, со што Киев ќе добие нова транша од околу 1,1 милијарди долари.

Премиерот на Украина, Денис Шмигал изјави дека новата транша од ММФ ќе биде искористена „за покривање на важни присилни буџетски расходи“.

Тој додаде дека „за време на ревизијата е оптимизиран распоредот на транши за 2025 година“, што, според него, „ќе привлече повеќе средства во државниот буџет“.

Шмигал исто така посочи дека Украина и ММФ постигнале договор на експертско ниво за петтиот преглед на Програмата за проширен фонд (ЕФФ), во вредност од 15,6 милијарди долари.

Прочитајте и:  Украинa изврши напад врз тренинг центар на руските трупи со ракета полна со касетни бомби
- Реклама -