ММФ: Ескалацијата на Блискиот Исток би можела значително да влијае на глобалната економија

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика значителни економски последици за регионалната и глобалната економија, додека цените на суровините ќе останат под максимумот од минатата година, објави денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

„Потенцијалот за понатамошна ескалација на конфликтот ги зголемува ризиците и неизвесноста и може да има значителни економски последици за регионот и пошироко. ММФ продолжува со внимание и загриженост да ја следи ситуацијата во јужен Либан“, изјави портпаролката на ММФ Џули Козак.

Таа посочи дека е премногу рано да се предвидат конкретни влијанија врз глобалната економија, но додаде дека економиите во регионот веќе претрпеле големи последици, особено во Газа, каде што цивилното население „се соочува со тешки социо-економски услови, хуманитарна криза и недоволна испорака на помош“.

Прочитајте и:  Војната меѓу Израел и Иран ќе предизвика последици врз енергетскиот сектор
- Реклама -