Млеко во чајот – одличен трик за избелување на забите

Додавањето млеко во чајот е претежно културолошки феномен, но има и такви што сакаат да експериментираат. Пред да им се изначудите, прочитајте го текстов – можеби ќе се премислите.

Малку млеко во чајот може да ви помогне да ги избелите забите, покажува истражувањето објавено во Интернационалниот журнал за дентална хигиена. Научниците дури тврдат дека таквата комбинација е помоќна и од пастите за заби кои содржат избелувач и кои се наменети токму за да ви овозможат блескава насмевка.

Имено, трикот е во тоа што во млекото го има протеинот казеин. Тој се врзува со танинот – состојка која е најзаслужна за темните дамки на забите, па така го спречува настанувањето на истите.

milktea

- Реклама -