Ајдин Османовиќ, момчето од Босна и Херцеговина кое со својот моќен глас го освои Балканот, како и симпатиите на македонските граѓани, пеејќи македонски песни, го честита претстојниот национален празник Илинден, со нумерата „Заветна“.
Медиумската информативна агенција (МИА) на 21 мај лани пред доаѓањето на младиот Ајдин во Крива Паланка направи интервју со неговиот професор Брашњиќ кој тогаш изјави дека македонските традиционални народни песни имаат посебна, суптилна, голема фраза која остава доволно простор за вокална интерпретација.
– Бидете горди на богатството на македонската традиција која има непроценливо културно и цивилизациско значење не само за Северна Македонија, туку и за целото човештво, истакна тогаш Брашњиќ за МИА.